Категории

ШТО КОГА ТОЈ САКА ДА НАПРАВИТЕ ПАУЗА ВО ВРСКАТА?

Една од речениците со кои лесно можете да си ја расипете врската е: „Ајде да направиме пауза.“ Тоа е исто како да речете: „И двајцата го гледаме крајот, но никој од нас не сака да ја прекине врската, па ајде да го направиме ова на побавниот и поболниот начин.“

Како да се држите на парче дрво сред отворено море по бродолом, и иако знаете дека ќе потонете, сепак не се откажувате.

 

Иако луѓето знаат дека идејата за пауза во врската е најдобронамерна, шансите дека паузата ќе се претвори во дефинитивен крај се многу големи. Еве ги причините поради коишто партнерот сака да направите пауза, од најмногу, па до најмалку веројатната.

Ова е неговиот начин на ставање крај на врската без да биде премногу груб

Ова е најчестата причина за пауза во љубовните врски. Веројатно е добар човек, но не е доволно храбар за директно да ви каже дека не сака да се гледате повеќе. Веројатно врската ви била премногу добра во еден момент, и и двајцата сте биле многу заљубени, можеби и премногу меѓусебно зависни. Сака да излезе од врската, но не сака да биде оној кој ќе стави крај, иако можеби тоа е добро и за обајцата на долг рок. Ако се сомневате дека ова е случајот, речете му да биде искрен со вас. Така, работите ќе бидат помалку страшни, а и ќе ги одбегнете неколкумесечните долги разговори и конфузија, кога одлуката е веќе донесена.

Сака да има секс со друга

Ако сте на пауза и тој има секс со друга девојка, технички не ве изневерил и можете пак да бидете заедно. Ова е прилично идиотска причина за пауза. Од друга страна, знаеме дека е 2016 година и многумина преферираат отворена врска, па ако и вие сакате да се гледате со други луѓе, можеби ова ќе ви одговара. Ако и двајцата се сложите на овој начин на функционирање, можеби сте и сродни души, затоа што ваквите луѓе се вистинска реткост.

Но, ако врските без обврски не ви се омилени, тогаш ова е неговиот начин за како да избега. Ако често се дружи со некоја девојка и одеднаш побара пауза, дадете му пауза. Пауза што ќе трае засекогаш.

Навистина сака да ја преиспита вашата врска

Можеби тој навистина сака да заземе конструктивен став за вашата врска и да се одалечи на неколку недели. Врската можеби некогаш ви била одлична, но сега стагнира. Можеби се чувствува како на раскрсница и мора да одлучи дали сака да го помине остатокот од неговиот живот со вас. Неговите намери се добри, но ако мора да го направи ова на прво место (поточно, ако чувствува дека мора да го направи), тогаш е време и вие да размислите за вашата врска и за промените кои треба да ги направите. Дали работите што треба да ги смените се вредни за промена, или полесно ви е да раскинете? Можете ли да бидете повторно заедно по пауза? Секако. Но и двајцата морате да работите на врската ако не сакате ова да биде нејзината смртна казна.

Потребни му се неколку недели мир и тишина 

Можеби не е добар во зборување и можеби „пауза“ не е најсоодветниот збор. Можеби има многу испити или е под стрес на работа, и не сака било какво одвлекување на вниманието. Можеби само му треба малку простор. Ако е нервозен и може да се сконцентрира на една работа во еден момент, и на двајцата ќе ви биде подобро ако направите пауза. Веројатно знае дека ќе избувне за некои мали работи, или ќе се исклучи, и не сака вие да се чувствувате виновни за неговите непромислени акции. Веројатно требало да рече дека му треба малку време за себе, наместо да рече дека ова е пауза.

Сака да ја тестира вашата реакција

Сака да види дали ќе речете „да“ на паузата, затоа што тоа би значело дека врската не ви е сериозна. Некои луѓе се толку несигурни што постојано измислуваат начини на тестирање на партнерот. Можеби му е страв дека ќе ве изгуби. Можеби мисли дека вие планирате да му раскинете, па подобро е тој да ви раскине прв. Можеби е социопат. Можеби прочитал дека ова е добар начин за тестирање на врската на некоја веб-страница. Некои луѓе едноставно сакаат да си играат игри со вашиот ум. Не губете време со некој кој го прави ова.

Извор : Попара.мк

Прегледи:
1111
Објавено на:
13.11.2017