Категории

Што мислат жените за сексот за една ноќ и дали се каат потоа?

Норвешки научници спровеле истражување на кое ги испрашувале норвешките и американските студенти за нивното мислење околу сексот за една ноќ.

Во претходните студии се покажало дека мажите поретко се каат откако ќе поминат само една ноќ со партнерката, без разлика кој го направил првиот чекор. Со жените е поинаку, тие подобро ќе се чувствуваат доколку самите го направиле првиот чекор. Зошто?

Целта на ова истражување било да се открие зошто жените почесто се каат по авантура за една ноќ. Чувството на загриженост, одбивност и притисок честопати резултираат со зголемување на грижата на совест и каењето, се докажало преку оваа студија. Она што може да ги спречи жените од каење е доживеаното задоволство, вештините на мажот во кревет и преземањето на иницијатива од страна на жената.

Професорот Дејвид Бус од Универзитетот во Тексас објаснува дека жените кои иницираат секс честопати имаат два квалитети. Прво, тоа се жени кои се чувствуваат самоуверено во својата кожа и задоволни се со својот изглед. Второ, знаат дека имаат избор со кого можат да спијат и чувствуваат помал притисок кога треба да се одлучат за една личност.

За жените, квалитетот на сексот говори многу за тоа кога потенцијалниот маж може да стане и партнер. Освен тоа, жените често се емоционално поврзани со сексуалниот чин поради опасноста од бременост.

Затоа, не е ни чудо што поголемиот дел од жените се многу повнимателни околу сексот без обврски отколку мажите.

 

Прегледи:
409
Објавено на:
29.03.2018