Категории

Што му прави едно парче пица на вашиот организам?

Пицата претставува едно од највкусните јадења на светот, но за жал веќе одамна добро познато е дека истата е штетна затоа што содржи голема количина на калории, заситени масти и натриум. Само едно парче пица содржи 311 калории. Сепак, останува прашањето дали можете да консумирате барем едно парче пица?

Ако го тргнете на страна бројот на калории кои ги внесувате со едно парче пица, важно е да знаете што точно се случува во вашиот организам откако ќе внесете едно парче пица:


Првите 10 минути:

Првите залчиња го активираат центарот за задоволство во вашиот мозок, но колку поблиску стигате до кората на парчето пица, толку помалку уживате. Уште додека уживате во ова парче пица, вашиот систем за варење започнува да испушта ензими кои ги разградуваат јаглехидратите и ќе ги разградат во шеќери кои вашиот организам ќе ги употребува како „гориво“.


10 до 15 минути:

Шеќерот започнува да циркулира низ вашиот организам иако мастите од кашкавалот го забавуваат движењето. Ќе се чувствувате порасонето, но може да ви се појави дуење на стомакот, бидејќи вашиот организам сè уште продолжува со разградување и се ослободуваат гасови (посебно ако јадете брзо или ако се прејадете).


15 до 20 минути:

Нивоата на хормонот лептин кој „ви кажува“ да престанете со јадење се покачуваат со покачувањето на нивоата на глукоза во клетките. Ако продолжите да јадете, клетките ќе престанат да ги апсорбираат шеќерите и ќе ги пратат до вашиот црн дроб кој понатаму ќе ги претвори во масти и ќе ги складира како такви.


30 минути:

Ако не сте прејадени ќе чувствувате наплив на енергија и вашиот организам ќе престане да го произведува хормонот грелин (хормонот на гладот). Веќе и мастите започнуваат да се разградуваат, а бидејќи се незаситени може да предизвикаат запушување на вашите артерии. Ова посебно важи за оние кои почесто јадат нездрава храна и кои имаат генетски предиспозииции.


45 до 60 минути:

Крвниот притисок ви се покачува, нивоата на лептин ви се високи, па не чувствувате глад.


3 до 4 часа:

Нивоата на шеќер во крвта ви се повторно нормални и грелинот повторно започнува да се лачи. Нивоата на триглицериди од разградените масти сè уште ви се на високо ниво, па добро е да се одлучите за некоја ужина со ниско ниво на масти.
Ако се одлучите за едно парче пица, тоа значително нема да влијае на вашето здравје и на вашиот изглед, односно нема да влијае на вашата тежина. Но, честото консумирање на пица може да доведе до појава не само на вишок килограми, туку и здравствени проблеми.

Прегледи:
608
Објавено на:
09.05.2016