Дали сте се запрашале зошто имате убави, здрави заби, силна, густа коса или плави очи? Што наследуваме од мајката, а што од таткото?
Пол
Децата од мајката наследуваат Х-хромозом, а од татко или Х или Y. Меѓутоа, ако таткото има повеќе браќа во неговото семејство, тогаш е поверојатно дека детето е ќе биде машко.
Бидејќи Y хромозомите, по својата природа имаат послаба генетска структура, повеќето машки деца личат на своите мајки, а за женските деца веројатноста е поделена.
Квалитет на забите
Ако таткото има проблеми со здравјето на забите, истите проблеми ќе ги има и неговото дете.
Интелигенција
Гените одговорни за интелигенција се составени од X-хромозоми. Поради тоа синовите ја наследуваат интелегенцијата од нивната мајка, а кај ќерките случајот е поделен помеѓу двата родитела.
Ментални болести
Со текот на годините квалитетот на спермата паѓа. Затоа постарите татковци можат да ги пренесат мутираните гени на нивните деца. Ова ја зголемува веројатноста да се развијат менталните болести како биполарно растројство, аутизам, хиперактивност. Без оглед на годините, татковците кои имаат проблеми со срцето, овие заболувања ги пренесуваат на своите синови. Ова вреди и за татковците кои имале проблем со неплодност.
Хемофилија и аутизам
Постојат болести кои се наследуваат од мајката, но само на машките деца. Една од овие болести е хемофилија. Сепак, како што мајката има два Х-хромозома, а синот само еден, обликот на болеста може да биде многу полесен. Ова не е случај со аутизмот.
Склоност кон дебелеење
25 проценти луѓе ја наследиле оваа склоност од нивните родители, тие многу потешко губат килограми од оние кои не ги носат таквите генетски кодови. Оваа склоност се наследува од мајката.
Висина
Во 60 до 80 проценти од случаите висината на луѓето зависи од генетската предиспозиција. Во повеќето случаи висината на децата зависи од висината на таткото. Интересно е што помладите деца се пониски од постарите.
Боја на очи
Кафеавата боја на очите е производ на доминантниот ген. Доколку еден од родителите има кафеави очи (особено таткото), а другиот светли, детето, најверојатно, ќе има кафеава боја на очите. Плава и зелена боја се производ на рецесивниот ген и плавата е подоминантна.