Категории

Што навистина мажите сакаат од жените – Не, не е тоа што мислите!

Успеавме да откриеме што е она кое мажите навистина го сакаат од жените, кога се во потрага по онаа „вистинската“.

Мажите сакаат да сакаат и да бидат сакани, исто како и жените. Проблемот е што многу жени се однесуваат ладно и неимпресионирано. Не е секогаш лесно да се пронајде жена во која ќе се заљубат. Мажите се во потрага по жена која ќе им биде атрактивна, жените можат да помислат дека мажите се плитки и битен им е само физичкиот изглед. Но бидете внимателни, не сите мажи се во потрага по манекенки. Она што поголемиот дел од мажите го бараат се жени кои се самоуверени и го сакаат својот изглед.Тие се горди кога нивната девојка изгледа добро и не постои човек кој не мисли така.

Мажите бараат жена на која може да им веруваат и која ќе бид секогаш тука за нив. Можеби ова звучи чудно, но многу жени не се баш доверливи, а некои се и неверни. Мажот е во потрага по верна и стабилна партнерка на која ќе може да и се довери.

Мажите сакаат да создадат семејство, затоа се во потрага по личност која ќе ги има истите желби како и нив. Тие во главно тежнеат кон жена која е женствена, нежна и добра – затоа што таквите квалитети ја прават жената (потсвесно) добра мајка и едноставно им е привлелна.
Мажите сакаат жена која има одлична смисла за хумор, која е друштвена и покрај која ќе им биде забавно.

Мажите сакаат жена која ќе им биде поддршка. Многу жени ги критикуваат мажите поради однесувањето, кариерата и сакаат да ги променат на многу начини а тоа е огромна грешка. Најдобрата врска ќе опстои доколку постои взаемна поддршка и разбирање.

Прегледи:
408
Објавено на:
08.01.2020