Категории

Што не им пречи на мажите кај нас

Девојките често пати знаат да бидат опседнати со својот изглед. И додека некои се прашуваат дали тоа е поради стравот дека нема да му се допаднат на потенцијалниот партнер или поради тоа што сами на себе не си се допаѓаат, добро е да се знае дека на повеќето мажи воопшто не им пречат тие за нас мали “несовршености“.

Поголемиот дел од мажите не сакаат претерано слаби девојки, па дури и ги обожаваат следниве мали женски “несовршености“…

# Некој килограм повеќе…мажите обично не се опседнати со совршено затегнато тело, напротив повеќе им се допаѓаат девојки со облини.

# Ноншалантен изглед…повеќето мажи се сложуваат дека опуштениот изглед, разбушавената коса и лице без шминка им се попривлечни од тип-топ средена девојка.

# Раздвоени предни заби…верувале или не оваа мала неправилност ја сметаат за жестоко оружје во битката наречена заведување.

# Неправилен нос…според мислењето на мажите, грчкиот профил му дава посебен шарм на женското лице.

# Мали гради…анкетите и истражувањата многу пати покажале дека малите гради им се многу секси на мажите.

Прегледи:
420
Ознаки:
·
Објавено на:
21.05.2016