Категории

Што не треба да правите ако сакате да имате успешна врска

Сите сакаме успешна и стабилна врска, но некогаш правиме нешта со кои несвесно полека ја уништуваме.

Во прилог прочитајте што не треба да правиме ако сакаме нашата врска да има иднина.

# Не верувате дека ќе успее…ако влезете во врската со негативни мисли, тогаш навистина нема да успее. Бидејќи секој пат кога врската нема да ви изгледа совршено, онака како што сте ја замислиле ќе поверувате дека сте биле во право. Па несвесно сама ќе ја саботирате.

# Ги криете чувствата…иако покажувате дека сте нервозни или тажни, на прашањето на партнерот одговарате дека не ви е ништо. И така ќе го поминете денот во молчење или карање. Ако вака често се однесувате немојте да се чудите зошто партнерот со тек на време ќе ги дигне рацете од вас.

# Мислите дека љубовта е доволна…паровите кои се долго време заедно поминуваат и добри и лоши моменти заедно и меѓу нив постои нешто повеќе од љубов. Љубовта не е само во тоа да му кажете од време на време на партнерот дека го сакате, туку и да му го покажете тоа преку различни дела.

# Престанете да се однесувате љубоморно…немојте неверствата од минатото да му ги препишувате на вашиот сегашен партнер и поради тоа да не му верувате.
Долготрајните односи се темелат на доверба, па затоа намалете ги љубоморните испади.

# Ако ви е потребен некој кој ќе ве направи среќна…ако мислите дека ви е потребен партнер само затоа што не сте среќна, тогаш почнете да работите на сама себе и потрудете се тоа да го поправите. Дури тогаш побарајте ја љубовта во вашиот живот.

Прегледи:
639
Објавено на:
19.02.2016