Категории

Што открива за вас бојата на долната облека која ја носите?

Дали некогаш сте размислувале за тоа која боја на долна облека носите и што тоа зборува за вас? Ако не, тогаш треба да знаете дека бојата на долната облека открива многу за вашиот карактер но и за вашата моментална емоционална состојба

Црна боја на долна облека
Мажите често сакаат својата партнерка да ја гледаат облечена во долна облека во црна боја. Црното за нив претставува мистика, нешто што ги буди и најзаспаните сетила. Кај жената црната боја на долна облека открива независна и силна личност. Доколку сакате да носите црна долна облека, значи дека имате посебен вид на шарм кој може да ги зароби мажите во истиот миг. Од друга страна, црното ја открива и вашата слабост: кога ќе се заљубите тогаш тоа е силно, затоа водете грижа да не ги покажувате вашите емоции премногу брзо.

Бела боја на долна облека
Класичната боја на долна облека, онаа која голем дел од жените ја носат од практични причини. Белата исто така открива дека имате изразена црта на радозналост кога се работи за љубовта и односите, секогаш сте подготвени да пробате нешто ново и да научите нови нешта. Вашата личност е невина, но секогаш сте расположени за авантури и предизвици каде и да ве водат.

Црвена боја на долна облека
За оние жени кои не се претерано срамежливи, идеална е црвената боја на долна облека. Веројатно сте зборлива и отворена личност, помалку драматична, немате проблем да го искажете она што го сакате и имате јасно поставени цели. Меѓутоа, доколку и баш не сте љубителка на црвената боја на долна облека, но ја носите често, тоа зборува нешто друго за вас: не е тајна, вие сте заљубени.

Розева боја на долна облека
Ако често носите розева долна облека, тогаш вие сте помалку срамежливи кога е во прашање љубовта и многу ретко превземате иницијатива во партнерските односи. Вие сте романтични и нежни но и многу женствени, па со самото тоа ви е потребно многу внимание.

Сина боја на долна облека
Сината боја на долна облека одговара на секоја жена која е авантурист. Таа е доста забавна боја па зборува многу за вашата личност. Имате разиграност во себеси но притоа знаете и како да се однесувате. Ваквата долна облека зборува дека сте постигнале идеален баланс.

Беж боја на долна облека
Звучи досадно зарем не? Но тоа не важи за дамите кои сакаат да носат беж боја на долна облека. Доколку сте една од нив, вие имате опуштена и смирена личност и сте задоволни со себеси и доста самоуверени, па немате потреба што да криете.