Категории

Што означува тоа што ги „демнеме“ поранешнте партнери на друштвените мрежи?

Психолозите го пронајдоа вистинскиот одговор

Случајно налетувате на профилот на поранешниот партнер и за 10 минути веќе сте стигнале до неговите фотографии од 2014 година и спомените од журките на кои сте биле заеднно.
Прашањето кое после овој мал виртуелен излет почнува да не мачи е – зошто?

Психологот Сузан Краус Вајтбоун тврди дека тоа е всушност вообичаено и не значи дека нешто со вас не е во ред. Сепак, со своето истражување дошла до заклучок дека најчесто завршиваме на профилот на бившиот на Инстаграм поради други друштвени мрежи – Фејсбук.

Сузан истакнува дека спомените кои се појавуваат на Фејсбук многу често ја асоцираат личноста на миговите кои ги поминала со поранешната љубов. Не мора да се работи за заедничка фотографија, доволно е тој спомен да има само еден носталгичен детал кој ќе ве поттикне на оваа акција.

Иако таа истакна дека сепак е нормално, Сузан напоменува дека сепак треба да одолеете на тоа искушение да го гледате профилот на поранешниот партнер бидејќи тоа би можело емоционално да ве вознемири.

Прегледи:
351
Објавено на:
25.11.2019