Категории

Што пишува на најскапата регистарска табличка во светот?

Мултимилионерот Ариф Ахмед ал Заруни, познат бизнисмен од Обединетите Арапски Емирати, платил неверојатни 4,3 милиони евра на аукција за само една регистарска табличка на која ќе стои само една единица.

– Од секогаш сум сакал да бидам број 1, ја објаснува својата постапка бизнисменот.

Сепак, оваа цена не е највисоката платена за регистарска табличка во ОАР. Пред 6 години, исто така на аукција, табличка со бројот „1“ е продадена за уште поневеројатни 6,6 милиони евра. Ја купил најбогатиот од седумте емирати, во Абу Даби.

Покрај оваа табличка со бројот 1, во саботата на аукција се продавале 60 броја, а најпопуларни биле броевите 12, 22, 50, 100, 333, 777, 1000, 2016, 2020 и 99999.

Прегледи:
316
Објавено на:
08.06.2016