Категории

Што прават денес децата кои беа заробени во пештера? Ги очекува возбудливо изненадување! (ВИДЕО)

Дванаесетте деца кои биле заробени заедно со својот тренер по фудбал во поплавената пештера на северот на Тајланд речиси три недели, одат на 17-дневен пат во текот на кој се запознаат со млади фудбалери во Аргентина и ќе ги посетат Соединетите Американски Држави.

Според зборовите на заменик портпаролот на тајландската влада, Варечон Сукондапатипак, целта на патувањето „не е децата да одат на одмор, туку да се покаже на светот какви се децата во Тајланд“.

Тој рекол дека целта на патувањето е да им се даде шанса на децата да му се заблагодарат на остатокот од светот за меѓународните напори во нивното спасување.

Во Буенос Аирес во Аргентина тие ќе учествуваат на церемонијата за отворањето на летните Олимписки игри за млади, ќе гледаат натпревари и ќе одиграат пријателски натпревар со локален тим.

По четири или пет дена ќе заминат за Њујорк, каде ќе се појават на прес конференција во Мисијата на Тајланд при ОН и ќе гостуваат на телевизија. Следното одредиште им е Лос Анџелес, каде живеат голем број Тајланѓани и каде се планирани, исто така, конференции за новинари и појавувања на ТВ емисии, како и посета на тематскиот парк на студиото “Universal”.

Трошоците за патувањето ги покриваат луѓето кои ги поканиле, а истото ќе биде организирано за време на училишниот распуст.

Прегледи:
448
Објавено на:
05.10.2018