Категории

Што сакаат мажите во врската?

Ретко кога ќе го признаат тоа …

Понекогаш мажите не знаат да го побараат она што навистина го сакаат – затоа што не знаат како или од што се срамат.

 

Ако сакате да ја подобрите врската со партнерот, веројатно ве интересира што навистина сака, а се срами да ви каже или едноставно не знае како. Терапевтот за парови, Ијан Томлинсон ни ги открива тајните.

 

Иницирајте сексуален однос понекогаш

За да имате среќна врска важен е добриот и исполнет сексуален живот, а на вашиот партнер сигурно ќе му биде драго ако понекогаш иницирате сексуален однос. Доколку никогаш не го правите тоа, туку секогаш го очекувајте тоа од него, тој веројатно ќе започне да се прашува дали ви е воопшто привлечен.

 

Покажете му дека го цените

Зборувајте му почесто за работите што ги сакате кај него. Заблагодарете му се кога ќе направи нешто убаво за вас, пофалите го пред другите. Лесно е да се фокусирате на негативните аспекти на врската, но исто така е многу важно да се фокусирате и на позитивните. Кога ќе започнете да размислувате на овој начин, ќе го видите вашиот партнер во уште попозитивно светло и вашата врска дополнително ќе напредува затоа што тој исто така ќе се чувствува сакан и ценет.

 

Побарајте го тоа што го сакате

Бидете отворени во врска со тоа што го сакате од вашиот партнер. Можеби очекувате тој инстинктивно да знае што сакате и што ви е потребно, но вака обично се појавуваат несогласувања. Тој сигурно сака да ве направи среќна, само кажете му како да го направи тоа.

 

Оставетего го понекогаш да се посвети на себеси

Тој сака да излезе со своите колеги за да гледа утакмица? Одлично, искористете го тоа време за да се видите со вашите пријатели. Тоа што тој понекогаш сака да излезе без вас, да се посвети на своето хоби или нешто слично, не е знак дека тој не ве сака и дека не му е грижа за вас. Поддржете го да го направи она што го сака – здрава и среќна врска подразбира и дека партнерите се до одреден степен независни.

 

Прифатете дека тој е поразличен од вас

Едноставно треба да прифатите дека тој е поразличен од вас и бидете толерантни за тие разлики ако сакате среќна и здрава врска. Тој размислува поинаку од вас, се чувствува поразлично во некои ситуации, може дури и да не сака нешто што вас ви се допаѓа … Наместо да се борите против тоа, бидете љубопитни – испитајте зошто мисли така, ова е најдобриот начин да го запознаете подобро .

 

Терапевтот вели дека ваквиот начин на однесување во врската ќе го охрабри и него да се однесува исто, што ќе ја продлабочи вашата блискост и ќе ве усреќи и двајцата.

Прегледи:
370
Објавено на:
09.10.2019