Категории

Што се Бенчмарк вежби?

Нема подобар начин да се започне новата година од воведување на новини и поставување на подобри стандарди. За оваа година CrossFit Skopje ви го преставува концептот на евалуација на прогресот во вежбањето. Тоа е систем на бенчмарк/тест вежби.

Која е разликата помеѓу КросФит и останатите програми за вежбање?

Во основа, КросФит е единствениот програм кој го дефинира фитнесот врз основа на мерливи вредности. Затоа е потребно да ги внесувате резултатите од вежбите секој трениг. Основата на КросФитот е константна варијација на функционални движења извршени со висок интензитет, со цел зголемување на работниот капацитет.

Затоа Грег Гласмен кажува дека е беспредметно да се вежба доколку нема систем на методологија на работа и мерливост. Разликата на КросФит од сите останати програми за вежбање е во тоа што ќе го подобрите вашиот фитнес односно физичка подготовка во тест вежбите без посебно да се подготвувате за нив.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by CrossFit Skopje (@crossfitskopje) on


Која е целта на воведувањето на ваков систем на вежби?

Со воведување на овој систем на тест вежби едноставно ќе се одреди колку се зголемил вашиот работен капацитет во различните предизвици во текот една година. Досега тестирањето е правено произволно бидејќи вашиот напредок во вежбањето беше очигледен. Но, CrossFit Skopje е насочен да ви го даде најдобриот и најсовремниот начин на вежбање. За оваа година тие избраа 8 вежби. Тестирањето ќе го прават два пати месечно. Овие вежби ќе се поторуваат 3 пати во текот на една година.
Токму затоа е многу важно да ги внесувате резултатите од секоја вежба, а особено кога ќе бидат бенчмарковите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by CrossFit Skopje (@crossfitskopje) on


Зошто токму овие вежби?

Начинот на кој ги избравме овие вежби е според методологијата на Грег Гласмен во програмирањето на вежбите за КросФит, како и во согласност со мерливите вредности на дефинирањето на: „Што е Фитнес“. Нема подобар совет и начин на работа да се следи од самиот основач на КросФитот. Изборот на вежби е направен за да ги опфати сите три основни енергетски системи. Одбрани за да варираат по временски интервал, вештина која се бара и различен интензитет. Секако дека се опфатени сите основни 10 физички карактеристики: кардиоваскуларна издржливост, мускулна издржливост, сила, снага, моќ, брзина, координација, агилност, прецизност и флексибилност.

За да ја погледнете целосната листа на тест вежбите за 2019 година во КФСК кликнете ТУКА!

Прегледи:
697
Објавено на:
17.01.2019