Категории

Што се крие позади брачната идила? – Принцот Вилијам и војвотката Кејт ја прославија својата 9 годишнина од бракот

Иако се сметаат за хармоничен брачен пар на кого сите му се восхитуваат, тоа не било отсекогаш така

Пред 9 години, на 29 април се случи кралската свадба на која Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон ги кажаа своите брачни завети во Вестминстерс Аби, тоа беше магичен спектакл за сиот свет.

Милиони луѓе ја следеа свадбата преку телевизиските екрани а невидена публика беше собрана на улиците на Лондон нетрпеливо исчекувајќи да ја видат кралската двојка барем за миг. Тие велат дека нити една друга свадба не предизвикала толкаво внимание во јавноста.

Кејт носеше величенствена венчаница од модната куќа Alexander McQueen а парот потоа доби три деца: Принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис.

Нивниот брак уште од првиот миг изгледаше идиличен, но нивната љубовна врска била ставена на тест многу пати. Тие претходно беа во врска во нивните универзитетски денови која неколку пати ја прекинаа. Во 2007 година се шпекулираше дека причината за нивното раскинување било неверството на Вилијам.
Но по некое време, тие повторно ја обновија својата врска која по кратко време ја крунисаа со брак.