За разлика од кај нас во САД, освен составот на облеката, обврзно на етикетата се наведува и земјата на потеклото на материјалите кои се користат. На тој начин купувачите во оваа држава дознавааат каде точно некои од 60-те милиони текстилни работници од Бангладеш и Камбоџа сè до Европа и САД ја произведуваат нивната кошула или панталони.
Замислете само во описот на етикетата вака да пишува:
– 100% памук. Произведено во Камбоџа, изработено од Бехнли, стар 9 години. Тој секое утро станува во пет часот и оди во фабриката за текстил во којашто работи. Ноќ е кога тој оди кон работното место, а ноќ е и кога се враќа од работното место. Тој се облекува лесно, бидејќи температурата во собата во којашто работи е околу 30 степени Целзиусови. Прашината во собата му се насобира и во носот и во устата. Тој ќе помине цел ден гушејќи се во овие услови за да заработи помалку од еден долар. Маската би ја чинела компанијата 10 центи. Етикетата сепак не ја содржи целата приказна…
Токму вакви парчиња облека претстави кампањата “Етикетата не ја содржи целата приказна”, организирана од страна на хуманитарната организација Canadian Fair Trade. Оваа организација всушност се бори за објавување на целосната вистина на етикетите, откако во 2013-та година во Бангладеш загинаа 1100 лица коишто се наоѓале во фабрика за текстил којашто се срушила.
Во оваа кампања се приклучи и Huffington Post се со цел да објасни што сè се случува зад многу парчиња облека коишто практично секој човек ги поседува, односно кои сè нечисти тајни ги содржи етикетата на облеката.
Имено, невладината организација “Fashion revolution“ отишла и толку далеку што апелирала на 1.200 производители, помеѓу кои има и многу познати светски имиња, за на своите парчиња облека, покрај етикетата, да изложат и фотографија од работникот којшто го изработил тоа парче облека.
Кон акцијата #WhoMadeMyClothes се придружиле, но само на кратко, и многу кои облеката ја увезуваат од Азија. Во последно време, на пример, акции се спроведуваат и во Турција, кадешто на вакви работни места главно работат сириски бегалци.