По само 48 часа без цигари нашето тело е целосно исчистено од никотин, а по една година ризикот од кардиоваскуларните заболувања е намален за 50 проценти. Што друго се случува со нашето тело кога ќе престанеме да пушиме прочитајте подолу.
По 20 минути:
• Се намалува отчукувањето на срцето, а крвниот притисок се враќа во нормала (епинефрин и норепинефрин го забрзуваат отчукувањето на срцето и ги стеснуваат крвните садови).
• Температурата на телото да се враќа во нормала
По еден час:
• Започнува никотинската криза која подразбира промени во расположението, мрзеливост, сонливост и несоница. Овие промени се јавуваат поради намалувањето на допаминот.
По осум часа:
• Почнуваме да добиваме повеќе кислород, откако телото ќе се исчисти од вдишување на јаглерод моноксид.
По 24 часа:
• Се јавува никотинска кашлица, како резултат на чистењето на токсините од белите дробови.
По 48 часа:
• Никотинот и последиците кои ги носи со него се целосно елиминирани од телото.
По 72 часа:
• Никотинската апстиненција почнува да предизвикува главоболки, гадење, грчеви и анксиозност, па дури и депресија.
По еден месец:
• Се намалува ризикот од тип 2 дијабетес, рак и кардиоваскуларни болести.
По една година:
• Ризикот од развој на срцеви заболувања се намалува за речиси 50 проценти.
По 10 години:
• Ризикот од рак на белите дробови е намален за 50 проценти.
По 15 години:
• Ризикот од срцевиот удар е целосно изедначен со ризикот од срцевиот удар кај личности кои никогаш не пушеле цигари.