Категории

Што се случува со него? Карл Лагерфелд ја шокирал јавноста со неговите заби! (ФОТО)

Модниот креатор Карл Лагерфелд, креативен директор на модните куќи Шанел и Фенди, познат по своите контроверзни изјави, шокираше со својата насмевка која е далеку од совршена.

Имено, кога се насмевнал Лагерфелд кој за оваа пригода се одлучил за ефектен капут со дворедни копчиња, покажал дека му недостасуваат неколку заби додека другите се видно помали.

Иронично е тоа што токму тој претходно ги критикувал машките манекени дека се преслаби и дека им треба добар забар!

Денталните стручњаци сметаат дека 85-годишниот Германец најверојатно е во текот на третман на ставање забни круни и навлаки и поради тоа така изгледаат неговите заби, бидејќи пред зафатот мора да се избушат за да се постават круните.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sante D’Orazio (@santedorazio) on

Прегледи:
604
Објавено на:
30.11.2018