Категории

Што се случува со вашето тело доколку се откажете од цигари?

Сепак доколку оваа фаза се помине успешно за околу 3 седмици, вежбањето и физичката активност ќе бидат помала пречка од порано. Непушењето неколку седмици му дава време на телото да се излечи и регенерира одвнатре. Крвната циркулација и срцето веќе ја имаат подобрено својата работа, а Вашите бели дробови почнуваат да се чистат, дозволувајќи ви да дишете со поголема леснотија. За повеќето пушачи, симптомите од недостѕаток на никотин се повлекуваат околу 2 седмици по последната цигара.

Околу еден месец без цигари, влакненцата внатре во белите дробови почнуваат да се формираат повторно. Овие влакненца се мали структури со изглед налик на коса кои ја имаат функцијата да го оттргааат мукусот од белите дробови. Во моментот кога влакненцата ќе почнат да ја вршат својата работа ефикасно, тие можат да се борат против инфекции и да ги исчистат белите дробови полесно. Со бели дробови кои функционираат нормално, кашлањето и кусиот здив ќе се намалат значително. Во просек, околу 9 месеци подоцна, сите симптоми и потребата од цигари ќе се повлечат.

tips-for-quitting-smoking-2

Во следните неколку години, ризикот од рак на грлото, на хранопроводникот, на белите дробови, на бубрезите и панкреасот се намалува значително. Од сите овие, пушачите се на најголем ризик од ракот на белите дробови, каде пуишењето е најголемиот причинител за истото(  околуу 90% од случаите).Можеби ќе земе 10 години, но откажувањето од нив, ризикот од смрт предизвикан од рак на белите дробови ќе се намали на половина од претходно.

Заклучно, Вашето тело ќе Ви биде благодарно за ваквите позитивни промени, кои не само што ќе ви ја подобрат здравствената слика, туку и ќе помогнат да се чувствувате посреќни и позадоволни.

1 2

Прегледи:
1886
Објавено на:
11.11.2016