Категории

Што се случува со вашето тело откако ќе се напиете шолја кафе?

За многумина како нас, кафето е повеќе од обичен пијалок: тоа е незаменлив дел од нашата утринска рутина, нешто без што не можеме да го почнеме денот.

Без разлика дали сакате да го испиете вашето прво кафе во тишина или за време на доручекот со вашата фамилија, пријатели, или бизнис партнери, консумирањето на доза топло кафе е секогаш добра идеа. Еве што всушност се случува со вашето тело откако ќе се напиете шолја кафе!

kafe

После 10 минути:

Кофеинот поминува низ вашиот крвоток. Срцевите отчукувања и крвен притисок почнуваат да се забрзуваат со поголема фреквенција и да растат.

После 20 минути:

Почнувате да станувате пофокусирани. Донесувањето на моментни одлуки и решавањето на мали проблеми ви оди полесно. Причина за тоа е кофеинот, кој е причинител за да се чувствувате помалку уморни.

После 30 минути:

Вашето тело почнува да произведува повеќе адреналин. Ова доведува до изострување на сетилата, особено на сетилото за вид бидејќи зениците постепено се прошируваат.

После 40 минути:

Нивото на сератонин во вашето тело почнува да се зголемува. Ова ги подобрува функциите на моторните неврони, што доведува до мускулно затегнување.

После 4 часа:

Кофеинот го зголемува нивото на енергија произведено од клетките. Во овој стадиум, вашето тело почнува со разградување на масти, дури и ако сте во мирувачка положба.  Исто така, го регулира нивото на киселини кои што се произведуваат во стомачната празнина.

kafe2

 

Прегледи:
440
Објавено на:
21.09.2016