Категории

Што треба да конзумираме во претстојните ладни денови за да останеме здрави?

Јадењето избалансирана и здрава храна во текот на претстојните ладни денови е од клучна важност за одржување на вашиот имун систем.

Кон што треба да го свртиме нашиот фокус?

  • Пробиотска храна како јогурт или кисела зелка.
  • Зачини и билки како што се ѓумбир, лук, куркума, цимет. Тие имаат антиимфламаторни дејства и го зајакнуваат имунитетот.
  • Чорби и супи. Доамшните чорби и супи направени од зеленчук се богати со витамини, минерали и антиоксиданси.
  • Чаеви од билки. Топлите напитоци како што се чаевите ќе ви помогнат да останете хидрирани и да го збогатите вашето тело со дополнителни хранливи материи. Направете си чај од ѓумбир, камилица, липа или зелен чај по ваш вкус и во истиот додадете мед и лимон.
  • Овесот и оризот се исто добар избор затоа што се богати со растителни влакна коишто ќе ви помогнат да ја одржите вашата енергија.
Прегледи:
241
Објавено на:
05.11.2023