Категории

Што треба да знаете за омега 3 и омега 6 масните киселини?

За да изгледате привлечно, мора да ја контролирате количината на витамини и нутритивни материи во храната која ја јадете. Особено, треба да се фокусирате да обезбедите доволно количество омега-3 и омега-6 масни киселини во храната.

 

Омега 3 масните киселини се икслучитечно здрави за здравјето. Тие го помагаат растот, ја стимулираат циркулацијата, го намалуваат ризикот од срцев удар, го снижуваат високиот крвен притисок, ги намалуваат покачените триглицериди. Најдобри извори на омега 3 масни киселини се мрсните риби, како што се лосоосот, скушата, туната и сардината.

Омега 6 масните киселини треба да се внесуваат во помали количини. Доколку се консумираат во поголеми количини, можат да го зголемат ризикот од мозочен удар, инфаркт, аритмија, артритис, пореметување на расположение, дебелина, па дури и рак. Најдобри извори на омега 6 масни киселини се сончогледовото масло, маслодајната репка, авокадото, јајцата, јаткастите плодови, житарките, семките од тиква и раситетлните масла.