Секоја независна дама треба да бара одредени квалитети кај својот партнер со кои нема да прави компромис.
Во продолжение прочитајте за што се работи:
1. Тој мора да има самодоверба… самодовербата е секси.
2. Тој не смее да ви поставува никакви услови.
3. Тој треба да покаже и докаже дека сте му важна…мора да ги памти важните датуми, мора да знае кога е вистинско време и место да и покаже на својата сакана дека му значи.
4. Тој мора да го почитува вашето време…ако сте испланирале нешто со своите пријателки не треба да поминете неколку часа во објаснување, зошто и како.
5. Тој треба да сфати дека не е потреба…независноста е доблест и тоа е едно од нештата кои секој несебичен партнер треба да ги сака кај својата девојка. Тој е избраникот на нејзиното срце и таа сака да биде со него но тоа дефинитивно не е потреба.
6. Тој треба да е секогаш со вас во тешките моменти…колку и да мислите дека се можете сама, понекогаш е потребно сочувство од вашиот партнер.
7. Тој треба да ги прифати сите ваши мани…па дури и тврдоглавоста.
8. Тој треба да знае како да го сруши вашиот одбранбен ѕид…тој едноставно мора да успее во тоа што другите не успеале и да го прави тоа несебично и без омаловажување. Сепак позади “ладниот ѕид“ се крие прекрасно и нежно девојче.