Категории

Што всушност жените очекуваат од својот партнер?

Би било тешко да претпоставите, но ова е вистината..

Често се поставува прашањето „Што сакаат жените?“
Истражувањата од Универзитетот во Готинген пронајдоа одговор на ова вечно прашање. Што сакаат жените?
Истражувачите од Универзитетот во Готинген ги здружија своите сили со апликацијата Clue и MyOneCondoms за да откријат што жените бараат кај потенцијалниот партнер.
Истражувањето е спроведено со помош на апликацијата Clue во која учествуваа околу 68.000 луѓе од 180 земји. Благодарејќи на ова истражување, научниците успеаа да потврдат кои се карактеристиките кои жените ги бараат кога бараат партнер.
Без оглед на годините, местото на живеење, сексуалната ориентација, жените бараат љубезност. Ги привлекува телото, прилично убаво лице, амбиција и физичка сигурност, покажа истражувањето.

Но што е она што за нив е вистински важно?
Изгледот и парите не се најважни. Само 22,3% од жените сметаат дека физичката привлечност и салдото на сметката се најважни одредници во потрага по втората половина.
25,4% жените особено обрнуваат внимание на тоа партнерот да има иста религија, додека дури 46,1% жени опишале дека тоа е еден од главните фактори при одбирање на партнер.
Но дури 88,9% од испитаниците изјавиле дека љубезноста е најважната особина која ја бараат кај партнерот. ОД друга страна тоа е изненадувачко, но во спротивно, тешко е да се изгради однос без љубезност. Поддршката била на второ место а интелигенцијата на трето.

Прегледи:
345
Објавено на:
13.10.2019