Некои ја интерпретираат како тест на судбината, како проверка дали навистина било судено за двајца луѓе да бидат заедно. Ако некого го пуштите да оди, таа личност ќе се врати ако така било судено меѓутоа..
За личностите кои не веруваат во судбина, оваа изрека нема смисла. Но таа може да се протумачи на различни начини. Не можете никого да присилите да ве сака.
Морате на личноста да и дадете слобода и да одлучи што самата сака да одбере.
Само мал број луѓе се врзуваат здраво за некоја драга личност. Поголемиот дел од луѓето се анксиозни и вознемирени, но барем во одредена мерка. Тука се работи за приврзаност која произлегува исклучително од несигурноста. Таквите личности се плашат од напуштање, одбивање и критикување.
Анксиозната приврзаност поттикнува личноста да се однесува наметливо и да копнее за друштвото на партнерот цело време. Личноста која анксиозно се приврзува често се чувствува осамено и несигурно кога мора да поминува време самата со себеси. Таа е зависна од друштвото на драгите личности и партнерот.
Анксиозните типови на луѓе сакаат да бидат во врска. Меѓутоа, нив дури и потполната верност не им е доволна за да момжат да се чувствуваат сигурни. Тие се згрозени од сознанието дека другата страна би можела да замине. Сакаат да знаат што нивниот партнер прави на секој чекор. Еден начин да го постигнат тоа е да форсираат и иницираат комуникација. Некои анксиозни типови користат дури и вербална и физичка агресија за на некој начин да ја присилат другата страна да остане со нив.
Оваа изрека всушност зборува за тоа дека љубовта не можеме да ја земеме, поседуваме, нити да натераме некого да не сака. Убавината на љубовта е токму во дадената слобода.
Единствен начин да бидете сигурни дека таа особа сака да биде во вашиот живот е да и дадете можност на избор.