Категории

Што забележуваат мажите СЕКОГАШ за време на сексот?

Можеби мислите дека мажите не забележуваат толку работи за време на сексот, или пак сте преотоварени со секкави ситници за кои ним воопшто не им е гајле.

Еве што клучно и секогаш ќе види мажот на жената, за време на секс!

1. Вашата иницијатива

Ако му дозволите да стори сé што може и да чекате да се случи нешто ново, ќе мисли дека не сте заинтересирани. Значи, покажете возбуда! Преземете иницијатива. Вклучете го, качете се на него … Нека има незаборавни моменти.

2. Како се движи вашето тело

Ако сте предрвени, тоа ќе го олади. Се надеваме дека имате доволно самодоверба – затоа бидете раздвижени во кревет, бидејќи навистина тоа ги возбудува мажите. Притиснете ги градите на него, фатете го за нозете, допрете го… Колку повеќе се движите, толку повеќе ќе го возбудувате.

3. Вашите очи

Дали го гледаш во неговите очи? Дали го гледаш грубо? Двете опции се добри. Она што на мажите навистина не им се допаѓа е да ѕиркате постојано во неговиот алат, бидејќи ќе изгледа како да се сомневате или пак постојано да гледате несигурно во своето тело.

4. Вашиот здив

Не, не како ви мириса здивот (иако тоа не е многу привлечно). Се работи за тоа како звучи. Дали стенкате, или пак имате груб глас? Дали го грицкате за уво…

5. Дали сте свежо депилирани или носете скапа долна облека?

Еј, не е важно ако не сте! Но, подготовката открива дека размислувавте за секс со него -и тоа многу го пали!

Прегледи:
352
Објавено на:
20.03.2018