Категории

Што жените прво ги привлекува физички кај мажите

Ви откриваме што жените прво забележуваат на мажите.

Истражувањата покажуваат дека кога се работи за карактерните особини, на жените кај мажите им е најпривлечна нивната смисла за хумор, добрина и способност за додворување.

Кога зборуваме за физички особини, голем дел од жените ќе „паднат“ на мускули. Мускулестите мажи имаат повеќе сексуални партнерки, а мускулите воедно се индикатор на генот кој ги зголемува шансите за успешна репродукција.

Исто така, едно истражување спроведено во Австралија покажало дека на жените им е најпривлечно кога мажите имаат умерено густа брада која ја поврзуваат со мажественоста, доминантноста и агресивноста.

Кога зборуваме за облеката, жените се склони кон мажи кои носат црвена боја затоа што таа била симбол на статус уште кај старите Римјани. Жените ги привлекуваат мажи со изразена вилица и длабок глас.

Прегледи:
1003
Објавено на:
22.11.2020