Категории

Швајцарија: Денеска се отвора најдолгиот тунел во светот

Најдолгиот тунел во светот, денеска свечено ќе биде отворен во Швајцарија, по речиси две децении работа. Тунелот е долг 57 километри, а поминува низ швајцарските Алпи.

Во Швајцарија велат дека ова ќе биде револуција во европскиот сообраќај, а тунелот ќе го надмине рекордот на јапонскиот тунел Сеикан кој е долг 53,9 километри и досега беше најдолг во светот.

На отворањето треба да присуствуваат германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Франсоа Оланд и премиерот на Италија, Матео Рензи.

Проектот чини повеќе од 12 милијарди долари, а инженерите морале да копаат длабоко под земјата за да ги одбегнат разните видови камења. Во текот на изградбата ископани се повеќе од 28 милиони тони камења, а девет работници загинаа во текот на неговата изградба.

Прегледи:
355
Објавено на:
01.06.2016