Категории

Швајцарски концептуален хотел без ѕидови нуди прекрасен поглед

Најнова атракција во Швајцарија е концептуалниот хотел со кој управуваат Френк и Патрик Риклин. Станува збор за хотелот “Null Stern” кој нема ниту ѕидови ниту кров, а најблискиот тоалет е одалечен 16 километри.

Тоа што го издвојува од другите хотели е прекрасниот поглед кој се наоѓа на 1,970 метри надморска височина на швајцарските Алпи.

“Собата” се состои од голем кревет, ноќна масичка и две ламби. Гостите на располагање имаат и батлер, кој ги дочекува со појадок и пијалок.

Едно ноќевање чини 228 евра, а гостите се примаат од пролет до есен. Исто така, хотелот откажува резервации доколку времето е лошо, затоа што гостите спијат на отворено.

q2

q3

Прегледи:
377
Објавено на:
20.07.2016