Категории

Силен организам е сега приоритет – Моќен традиционален руски напиток кој ќе ви помогне да го зајакнете имунитетот

Вистинската превенција против вирусот е силниот имунитет, а во тоа дефинитивно помага вистинскиот избор на намирници. Овој традиционален руски напиток содржи моќна комбинација со чија помош организмот ќе ви биде зајакнат и отпорен.

Главните состојки на овој напиток се кефир и тиква. На некои луѓе во почетокот на конзумирањето на кефирот не им делува добро, веројатно поради неговата кисела природа или голема количина на пробиотик. Добра идеа во овој случај е полека да го пуштите вашето тело да се навикнува на кефирот. Започнете со 1/8 чаша дневно, а потоа постепено зголемувајте ја количината.

Овој напиток се конзумира најмногу 20 дена, потоа е потребно да направите пауза од 10 дена.

Состојки:
-4 чаши природен кефир
-150 грама варена и испасирана тиква
-1 лажица природен мед

Начин на подготовка:
Земете 4 чаши кефир (околу 8 дл) и 150 грама, варена и испасирана тиква. Добро измешајте ги состојките и додадете лажица природен мед.

Освен тоа што го зајакнува имунитетот, овој напиток позитивно делува врз органите за варење како и метаболизмот.

Прегледи:
452
Објавено на:
20.03.2020