Категории

Силната жена нема да моли, таа едноставно ќе си замине кога ќе се почувствува непосакувана

Силните жени никогаш не молат за било што, а најмалку за љубов.

Сигурно речиси секоја жена се нашла во ваква ситуација со маж:
Сте запознале момче. Ви се допаднало, се испоставило дека и вие му се допаѓате нему. Изглегувате заедно и насекаде летаат искри и сигурни сте дека ви е судено да бидете заедно и да се венчате.
Потоа како тој наеднаш да сфаќа што се одвивало во вашата глава и одлучува да исчезне од лицето на планетата Земја.

Можеби е ова малку претерано, но дефинитивно постојат мигови во играта на односите кога одлучувате да ја покажите вашата ранлива страна и да го „спуштите штитот“ во мигот кога тој едноставно престанува да ви се јавува.
Природно е да станете фрустирани и лути и да чувствувате потреба да одите кај него и во лице да му кажете колку е глупав што ве оставил. И додека сето ова може да изгледа како да се борите за љубов – престанете! Со тоа што му давате внимание и го бомбардирате со пораки едноставно од вас ќе направи да изгледате луди.
Па наместо да бидете жена која моли, бидете прва која ќе исчезне во оној миг кога ќе почувствувате дека не ве цени!

Зошто да трошите време и енергија на некој кој очигледно не ве цени и не е вреден за вашата љубов и внимание. Престанете да ги задржувате мажите кои не сакаат да останат. Како велат „има многу риби во морето“, а вие сте се запнале во една која не е заинтересирана за вас.

Силните жени никогаш не молат за било што, а најмалце за љубов. Заминуваат оној миг кога ќе почувствуваат дека не се пожелни. Вам ви е потребен некој кој ја цени секоја минута помината покрај вас и е благодарен што покрај себе има таква жена како што сте вие.

Прегледи:
549
Објавено на:
24.12.2019