Категории

Силните жени ги плашат луѓето околу нив бидејќи не им е потребен никој

Најтешко е да се постигне внатрешна сила. Сите велат дека сакаат да имаат самодоверба и љубов, но не преземаат ништо околу тоа. Девојките си го трошат времето на момци кои не ги почитуваат, на пријателки кои ги озборуваат и на романтични комедии. Деновите минуваат, а силната жена во која сите сакаат да се претворат е некаде далеку од дофат.

Жените постојано наоѓаат изговори за нивното лошо однесување. Ги толерираат токсичните врски, бидејќи сметаат дека не заслужуваат ништо подобро. Не се борат самите за себе, а потоа се прашуваат зошто никој не се бори за нив. Сите посакуваат љубов и среќа, но очигледно не доволно.

Па, какви се всушност силните жени? Тоа нема да го постигнете само доколку си направите откачена фризура и ставите црвен лак на ноктите. Она што треба да го направите е всушност многу едноставно: Секој ден мора да носите одлуки со кои нема да покажете непочитување кон вас самите.

Тоа значи дека треба да го негувате вашето тело, а не да си го „копате“ лицето секој ден за да се изборите со акните. Тоа значи дека треба да им велите „не“ на момците кои знаете дека ќе ве повредат. Треба да спиете доволно и да се облекувате онака како што сакате и се чувствувате. Треба да ги одбегнувате работите што ви го уништуваат расположението и да најдете време за нештата што ве прават среќни. Секој можен ден треба да го правите тоа.

Звучи лесно, но тешко е да се задржи таквиот став секој ден. Тоа е така затоа што работите што имаат позитивно влијание на вас, стануваат ефективни подоцна, додека, пак, негативните ќе направат да се чувствувате добро во моментот. Токму затоа девојките излегуваат со момци што не се добри за нив, наместо да почекаат неколку месеци да се појави некој подобар. Тоа е причината зошто јадат кеса чипс, наместо да си подготват здрав оброк за ручек. На овој начин тие го одбираат полесниот пат и се препуштаат на нештата што имаат негативно влијание, наместо да се потрудат и да ги прават работите што ќе им донесат вистинска среќа.

2-silnite-zheni-gi-plashat-lugjeto-okolu-niv-bidejkji-ne-im-e-potreben-nikoj

На силните жени не им е потребен никој за да бидат среќни, бидејќи тие самите знаат како да си го подобрат расположението. Токму затоа, понекогаш делуваат застрашувачки за околината. Слабите луѓе се плашат од независните кои секогаш се подготвени да го кажат нивното мислење и да го одбранат сопствениот став. Несигурните момци (а ги има еден куп) ги одбегнуваат силните девојки, бидејќи знаат дека нема да можат да ги држат под контрола. Силните жени не им ни обрнуваат внимание на ваквите мажи кои знаат да ги препознаат уште од километар и трпеливо чекаат да се појави вистинскиот за нив.

Доколку и вие сакате да станете една од тие жени, внимавајте на секоја одлука што ја донесувате и размислете дали вашиот избор ве прави подобри или ве уназадува. Стремете се кон тоа да го извлечете најдоброто од себе, а не да го правите она што може да ви донесе само моментално и брзо минливо задоволство. Можеби ќе ви се чини како да пропуштате нешто, но подоцна ќе бидете горди на себеси што сте успеале да го сторите она што е најдобро за вас.

Прегледи:
443
Објавено на:
04.12.2016