Категории

СИМБОЛИКА НА ТРПЕЗАТА ЗА БАДНИК: Што значи храната што ја јадеме во очи на Божиќ?

Грав, мед, ореви – зошто оваа храна е задолжителна на Бадниковата трпеза? Прочитајте што симболизира таа …

Бадник се карактеризира со традиционална заедничка вечера на која се собираат сите членови на семејството. Сепак, зошто се јаде одредена храна? Што претставува таа? Што не треба да недостасува на вашата маса за време на оваа вечера?

Многу етнолози ја потенцираат важноста на традиционалното мени за време на Бадниковата вечера.

Имено, на овој настан се собираат сите членови на семејството, а многу обичаи се однесуваат на одредени јадења што мора или не смеат да се јадат и оставаат впечаток дека имаат некакво симболично значење.

Од јадења се подготвуваат грав, сарма, пита од ореви (или цреши во некои домаќинства) и риба. Исто така не смее да изостане и печената тиква на оваа вечера, која се јаде за децата да бидат отпорни на болести во текот на годината.

На бадниковата трпеза не смее да се изостави и медот кој се јаде со ореви, а по Бадниковата вечера треба да се чува како лек.

Интересно е што, според верувањата, оревите се јадат само на Бадник, додека не се јадат во другите денови на Божиќ, за да не се страда од чиреви.

За етнолозите, симболиката на гравот на празничната трпеза е уште појасна. Имено, според верувањето што доаѓа уште од индо-германскиот народ сведочи дека гравот е омилено јадење за душите на починатите. На овој начин, за време на Бадник, се воспоставува симболичка врска со нашите предци, кои токму преку храната доаѓаат во контакт со своите блиски, давајќи им сила и поттикнувајќи го просперитетот.

 

Медот игра слична улога на вечерата, додека рибата има ритуално значење, чие потекло не е толку добро познато, но кое уште во средниот век се поврзувало со Исус Христос.

 

Сепак, на Бадник, симболичка улога нема само храната, туку и пијалокот. Еден од обичаите е ракијата или виното да не се испијат целосно односно чашата да не се ост

ава празна, а последната чаша да се врати во шишето. Знаеме дека виното симболизира крв и овој обичај е многу јасен, особено ако се додаде фактот дека виното не треба да се истура или фрла од трпезата.

 

Никој не треба да станува за време на јадењето, членовите на семејството чекаат едни на други додека да го завршат оброкот, стануваат во исто време, затоа е многу е важно семејството да биде заедно и обединето во овој период. На тој начин Бадниковата вечера е одредено спомнување на предците, на кои им должиме многу, но и потсетник за важноста на семејството и слогата во него.

Прегледи:
1161
Ознаки:
·
Објавено на:
05.01.2020