Категории

Симфонии од Моцарт за подобар сон: Со овие симфонии ќе ја победите несоницата, тврдат научниците!

Овие симфонии им помогнаа на сите учесници во истражувањето да заспијат многу побргу..

Веќе е докажано дека музиката влијае на нашите емоции, така што може да нè натера да плачеме, како и да нè насмее. Новите истражувања докажаа дека одредени композиции можат и да нè заспијат многу побргу.

Едно истражување спроведено во Хонг Конг открило дека музиката успешно ја решава несоницата. Во студијата учествувале над 100 испитаници кои слушале музика околу 45 минути секоја вечер пред спиење.

Песните кои што ги слушале имале помеѓу 60 и 80 „бита“ или ритмови во минута. Во истиот ритам чука  и нашето срце додека тонеме во сон.

Важно е да се има предвид ритамот на музиката, бидејќи премногу брзите песни можат да предизвикаат контра ефект.

Откако се докажа дека музиката е толку ефикасна, лекарите се посоветуваа со музичари кои компонираа тонови наменети токму за оваа намена.

Покрај тоа што е одлична за несоница, музиката успешно се бори и со проблеми со вознемиреност. Една студија објави дека оваа непријатност е намалена за 65 проценти кај испитаниците.

 

Овие симфонии докажано најбрзо успиваат:

“Clair de Lune” Klaud Debusi

“The Boxer” Simon 

“Canzonetta Sul-aria” Mocart

 

Со слушање музика  го опуштаме телото, синхронизирајќи го чукањето на срцето со мелодијата, така што овој ритуал станува еден вид медитација.

 

Мартин М. | Среќа.мк

Прегледи:
461
Објавено на:
07.10.2019