Категории

Симона Попоска со песната „Ќе најдам друг“ е второпласирана „Макфест 2016“ – Погледнете го нејзиниот настап … 

На триесет и првото издание на „Макфест“ повторно триумф на младата струмичанка Александра Јанева, по нејзината победа во 2013 година. Александра ја изведе композицијата „За сто години“ на Ристо Самарџиев и Владимир Дојчиновски, а со својата изведба ја освои и наградата за најдобра вокална интерпретација „Драган Каранфиловски-Бојс“.

Симона Попоска со песната „Ќе најдам друг“ е второпласирана и доби 7.500 евра. Таа ја освои и наградата за најдобар сценски настап и доби 1.000 евра. Третопласирана е младата Антонија Гиговска, талентираната четиринаесетгодишна  девојка која настапуваше во „Пинкови ѕвездичи“, со песната „За нас“, која доби 5.000 евра. Гиговска ја освои и наградата за дебитант која од оваа година го носи името „Душан Љубисавлевиќ-Дуле“ во вредност од 1.000 евра.

Погледнете го настапот на Симона Попоска …

https://www.youtube.com/watch?v=l3OcaNBbFhQ&feature=youtu.be

Прегледи:
483
Објавено на:
05.06.2016