Тие се толку црни, што во момент ќе се иплашите мислејќи дека се тргнати во потрага по вашата душа.
Не толку познати во Македонија, ова е сорта на овци кои се познати како Валајски овци (Valaise Blacknose Sheep). Овие овци се најчесто одгледувани поради високиот квалитет на волна и потекнуваат од Швајцарија. Сепак, причината поради која што тие станаа Интернет сензација не е квалитетот на нивната волна, туку нивните несекојдневно црни лица. Погледнете и размислете, дали се симпатични поради нивната уникатност или застрашувачки поради темното лице?