Категории

Сината птица на Твитер се претвори во Х

Сопственикот на Твитер, Илон Маск, го прикажа новото црно-бело лого за Твитер, сината птица е заменета со Х.

Твитовите отсега натаму ќе се нарекуваат Икс-ес (Хs).

Маск го купи Твитер минатата година за 44 милијарди долари, а оваа година ребрендирањето е дел од овој процес и неговата визија.

Овие промени ќе бидат малку чудни за корисниците, заклучуваат експертите.

Твитер исто така се обидува да се одржи во состојба после лансирањето на новата апликација од Мета, Тредс којашто е слична на Твитер.

Прегледи:
344
Објавено на:
25.07.2023