Категории

Сингапур е најскапиот град за живот

Полугодишните истражувања на Economist Intelligence Unit (EIU) четврти пат по ред покажаа дела Сингапур е најскапиот град за живот.

Во извештајот на EIU за трошоците за живот ширум светот за 2017 година, азиските градови ги зазедоа петте од првите шест места.

Освен водечкиот Сингапур, тука се и второпласираните Хонг Конг и Токио, Осака и Сеул на четвртото, петтото и шестото место. Меѓу нив, на трето место е сместен најскапиот европски град, Цирих, а седми е уште еден град од Швајцарија, Женева. Париз се наоѓа на осмото место, веднаш после него е единствениот американски претставник, Њујорк, а десеттото место го заокружува Копенхаген.

EIU ја објавува оваа листа на секои шест месеци споредувајќи ги цените на 160 производи и услуги, како и цените за храна, превоз и кирија.

Според истражувањето, најефтин град за живеење е казахстанскиот град Алмати, а после него следуваат Лагос, Бангалор, Карачи и Алжир.

Прегледи:
680
Објавено на:
06.11.2017