Категории

Сиромашен брачен пар од Кина станаа милионери благодарение на новиот тренд

(ВИДЕО) Овој пар до пред неколку години беше во сериозни долгови, а сега тие се едни од најпознатите влијателници во Кина, заработувајќи милиони.

Кина стана една од најпознатите земји во руралното претприемништво, поради што продавачите на овошје и зеленчук бргу им продаваат производи на потрошувачите преку видео. Така, продажбата се зголеми за 15 пати во споредба со минатата година. Некои земјоделци имаат 7,3 милиони следбеници на кинеската верзија на Тик Ток и заработуваат околу 300 милиони јуани, што е околу 40 милиони евра годишно.

Овој пар има околу 2,5 милиони следбеници кои гледаат како берат овошје, и на тој начин можат да порачаат што би сакале да купат. Додека продаваа преку една програма за тргување, тие имаа околу 100 налози за купување на ден, а сега имаат над 50.000 и заработуваат околу 1,2 милиони евра месечно.

Земјоделците во Кина имаат и дополнителна државна помош. Имено, Комунистичката партија се залага за реализација на „сан нонга“, трите проблеми на земјоделството, руралните области и земјоделците. Во насоките објавени на 11 јуни, владата повика на проширување на опфатот на руралните области со Интернет, со цел да се зголемат приходите на земјоделците.

Земјоделството останува еден од најважните економски сектори во Кина, вработувајќи речиси четвртина од работната сила.

Прегледи:
599
Објавено на:
08.07.2021