Категории

Сиромаштијата започнува во вашата глава: Еве зошто ќе останете вечен губитник!

Поради ова, парите и успехот поминуваат покрај вас и одат кај други луѓе

По што се разликуваат вечните губитници, односно сиромашните луѓе кои не можат да успеат во ништо, од оние што успеале да заработат и да постигнат нешто во животот преку нивниот талент и напор?

Ова прашање ги заинтригира и научниците, кои спроведоа студија за однесувања и мислења на „губитници“ и успеаа да пронајдат специфични „обрасци“.

Сиромаштијата започнува во мислите и верувањата, а тоа е клучната разлика помеѓу сиромашниот и богатиот човек. Тоа е таканаречен синдром на сиромаштија.

Овие се заедничките карактеристики на сите губитници:

 

Постојано се жалат

Сиромашните луѓе постојано лелекаат и се жалат, а тоа дури ни сами не го приметуваат. Тие не само што се жалат на недостаток на пари, туку на сè. Било каков разговор да започнете со овакви луѓе, ќе заврши со жалби од нивна страна – за времето, за здравјето, за автобус, за врска, за тешкото детство, за неправди … Оваквото понашање многу брзо започнува да ја иритира околината и луѓето кои можеби можат да помогнат да се промени ситуацијата, се оддалечуваат.

 

Оправдувања и изговори

Губитниците секогаш имаат оправдување за нивната мрзеливост или неспособноста да направат нешто. Тоа е класичен начин да се префрли одговорноста на сите други или на се друго околу нив. На пример, не знаете да цртате, никогаш не сте ни пробале. Губитникот нема да рече „ме мрзи да го сторам ова“ или „Никогаш не сум пробал“, но ќе рече дека тој нема талент, дека неговите родители не го научиле, дека животот е тежок, дека немал пари за молив, морал да работи, а ни сега не може да научи затоа што нема време, а неговите родители не му ја всадиле оваа навика … Сепак, поентата е дека тој во никој случај не е виновен.

 

Намалување на туѓиот труд и работа

Тие ги гледаат успешни луѓе, но практично ги доживуваат како свои успеси. Никогаш не би се сетиле да размислат и да кажат гласно дека успешните луѓе имаат талент, вложуваат труд, напорно работат … Губитниците секогаш се обидуваат да ја омаловажат туѓата работа и труд, а да истакнат дека нивната не се забележува или не се цени доволно. Тие завидуваат на резултатот, но не го гледаат напорот и откажувањето кое стои позади тоа.

За губитниците, сите богати луѓе се лукави кои се служат со подвалувања. Тие ќе сторат сé освен она што дава добри резултати – малку самоконтрола, многу работа и малку верба во себе. Со тоа, сигурно ќе дојдат до успех и пари.

Прегледи:
835
Ознаки:
·
Објавено на:
24.02.2020