Категории

Сите деца на Кардашиан/Џенер имаат скриено значење во нивните имиња

Иако се чини дека семејството Кардашиан/Џенер се отворена книга, презентирајќи го секо аспект од својот живот пред јавноста, сепак постојат многу работи што не ги знаеме за нив.

По секоја објава на името на новороденчето во ова семејство, наидуваат на многу предрасуди, но всушност позади секое име се крие скриено значење.

Сторми (Бура) Вебстер

Таткото на Сторми се вка Тревис Вебстер, но двојката се одлучи своето дете да го нарече едноставно Сторми Вебстер. Името на малото девојче предизвика лавина коментари на социјалните мрежи, наведувајќи ги луѓето да се прашуваат зошто двојката се одлучи за ова име.

Фановите на Тревис Скот изнесоа интересна теорија која можеби е одговорот кој го чекавме. Опсесијата на раперот со пеперутки и неговата песна „Butterfly Effect“, можеби имале голема улога во одлуката. Нучното објаснување позади ефектот на пеперутката вели дека крилјата на пеперутката можат да предизвикаат бура.

Чикаго Вест

Чикаго можеби звучи како чудно име за дете, но има глемо значење за таткото на ова мало девојче. Не е тајна дека Кание го сака Чикаго поради тоа што израснал таму.

Чудно е да го крстите своето дете според град, но Чикаго всушност звучи убаво.

 

Сеинт (Светец) Вест

Ниту Кание ниту Ким не открија зошто нивниот син се вика Сеинт, но некои извори велат дека тоа е поврзано со борбата и потешкотиите на Ким во бременоста.

Раѓањето на Сеинт за нив претставувало вистински благослов. Откако отворено проговорила за потешкотиите во бременоста со Сеинт, не е ни чудо што за третата бременост Ким се одлучила за сурогат.

Норт (Север) Вест

Сите сметаат дека Кание и Ким ја крстиле својата ќерка Норт (север), поради тоа што одлично се сложува со презимето Вест (запад). Всушност, нејзиното име има подлабоко значење кое го откри бабата Крис. Таа објасни дека Норт значи најголема моќ.

Дрим (Сон) Кардашиан

Ќерката на Роб Кардашиан и Блек Чајна се вика Дрим (сон) бидејќи таа за нив била остварување на сонот.

Мејсон Даш Дисик

Според едно интервју со Кортни, нејзиното првороденче се вика Мејсон бидејќи тоа име има исто значење на англиски и ерменски – работник со камен. Средното име Даш, потекнува од брендот на Кортни за облека, но Кортни откри и дека Даш е кратенка од нејзиното презиме, а воедно и прекарот на нејзиниот покоен татко.

Реин Астон Дисик

Посстои полемика околу името на вториот син на Кортни. Не е тајна дека Скот Дисик го сака луксузот, но постои и скриено значење доколку се земе в предвид целосното име на детето. Иницијалите на Реин се РАД, а тоа е жаргонски израз кој потекнува од 80-тите години и означува „прекрасен“.

Пенелоп Скотланд (Шкотска) Дисик

Кортни и Скот сметале дека името Пенелоп е слатко, неврзано со значењето на тоа име во Грчката митологија. Но, од каде идејата за нејзиното средно име Скотланд (Шкотска)?

Името на држава како средно име е уште почудно од името на град, но изгледа Крис Џенер е таа која го предложила ова име. Можеби тоа што таткото на Пенелоп се вика Скот исто така влијаело врз додавањето на ова име.

 

Прегледи:
669
Објавено на:
09.03.2018