Категории

Сите девојки треба да знаат: 5 вистини за тестот за бременост

Кога се сомневаат дека се бремени, повеќето жени најпрво купуваат тест за одредување на бременост. Тестот доаѓа со упатство за користење, но постојат важни информации кои можеби не ги пишува, а секако треба да ги знаете.

Сите тестови за бременост ги мерат истите вредности

На пазарот постојат различни тестови за бременост, но без обзир на тоа дали правите тест кај доктор или ќе го купите од аптека, сите тестови за бременост мерат иста вредност – (ХЦГ), таканаречениот хормон на бременост. Тој хормон се наоѓа во телото и кога н постои бременост, но кога фетусот започнува да расте, нивото на хормонот во крвта и урината се зголемува.

Тестот за бременост најдобро е да го направите наутро (но не е задолжително)

Денешните тестови за бременост се многу попрецизни од оние пред 10 години поради што тестирањето наутро не е нужно, но ако сакате да бидете посигурни дека резултатот е точен, направете го тоа во утринските часови.

Поскапите тестови не се попрецизни

Кога купувате домашен тест за бременост, не ја гледајте цената бидејќи секој тест ќе ви даде ист резултат.

Вашата здравствена состојба може да влијае врз резултатот на тестот

Одредени лекови, обично оние кои се користат за зголемување на плодноста, содржат ХЦГ и можат да го зголемат хормонот во урината доволно за тестот да биде позитивен, а всушност да не сте бремени. Во ретки случаи пореметувањето на хипофизата и туморот на јајник исто така може да предизвикаат зголемување на хормонот.

Верувајте му на тестот

Многу жени го повторуваат тестот, дури и ако првиот пат бил позитивен, едноставно затоа што не веруваат дека тестот веднаш може да покаже точен резултат. Некои жени прават тест и по три пати и потоа одат на гинеколог каде што го прават истиот тест. Заклучок: Доволно е да направите еден тест дома и да одите на гинеколог – ако е тестот два пати позитивен, вие сте бремени.