Категории

Сите херои не носат наметки: 73-годишниот доктор не се откажува да се грижи за болните од вирусот и покрај тоа што е од загрозена група

Слика од 73-годишниот доктор во итната помош стана вирална откако неговата ќерка ја сподели на Твитер.

Кристи Фишер, дописничката на Fox News, му испрати на смс на својот татко во кој го прашува „како се држи“. За возврат доби фотографија од него со маска.

-Ова е мојот татко. Тој е 73-годишен доктор во итната помош во Тексас кој ја обожава својата работа и никогаш нема да замине во пензија. Ми ја испрати оваа фотографија откако го прашав како се држи, а тој ми ја испрати оваа фотографија.

Таа и самата сподели дека не претпоставувала дека ќе има толку емотивна реакција, па дури сега ја сфатила сериозноста на ситуацијата.

Таа сподели дека и покрај своите години и својата намалена сила, тој сепак не се откажува од својата работа и понатаму се бори да му помогне на пациентите колку што е можно повеќе. Моментално во САД се потврдени осум илјади заразени. И покрај тоа што постарата генерација е најзагрозена, старите доктори и понатаму работат во болниците и помагаат на заболените.

Прегледи:
601
Објавено на:
20.03.2020