Категории

Сите изневерени жени имаат една заедничка карактеристика: Развиена интуиција!

Имено, резултатите од една студија покажуваат дека изневерените жени освен тоа што се ослободиле од партнер кој е склон кон изневерување, тие се посозреани во психолошка смисла и имаат поголеми шанси мудро да изберат следниот пат.

Вистинскиот губитник е всушност другата жена која го добила нивниот поранешен партнер, кој докажал дека е подготвен да го повтори неверството. Изневерената жена мора да помине период на тагување, но подоцна како личност со стекнато искуство подобро ќе ги проценува идните партнери.

 

Тоа се случува од 6 до 12 месеци по неверството, кога кај жената се развива поголема емоционална интелигенција и самодоверба. Стануваат посвесни за однесувањето на новиот партнер, сопствениот однос кон него и имаат повеќе самодоверба.

Исто така, развиваат „радар“ за препознавање на „партнер со пониска вредност“. Од друга страна, врската помеѓу мажот и жената со која ја изневерувал својата партнерка во најголем број од случаите не успева.

 

Прегледи:
553
Објавено на:
29.03.2018