Категории

Сите ја сакавме во улогата на Хурем: Погледнете како изгледа сега познатата актерка

Турската актерка Меријем Узерли, позната како Хурем од серијата „Величенствениот“, присуствуваше на Канскиот фестивал.

Таа прошета на црвениот тепих со стил, а беше дочекана со овации. Меѓутоа, не изостанаа и коментарите дека таа сега е бледа сенка на жената ја некогаш беше – лицето и е затегнато, усните подебели, а образите пренагласени.

❤🌹😘

A post shared by meryemuzerlimeryem (@meryemuzerlimeryem) on


„Лицето ти изгледа чудно“, „Боже, што си направила со усните, огромни се“, „Премногу ботокс. Зошто? Беше преубава“, „Изгледаш пластично“, се само некои од коментарите на нејзиниот профил на Инстаграм каде што поставила неколку слики од филмската церемонија во Кан.

Таа во Кан беше во друштво на Џон Траволта. Меријем, турската актерка со германско потекло е позната и по тоа што за време на најголемата слава доживеа нервен слом. Го напушти снимањето на серијата која и донесе светска слава, а по бројните кавги со тогашниот партнер Кан Атес се обиде и да си го одземе животот.