Категории

Сите се љубоморни на сопругот на преубавата Џесика Алба

Џесика Алба по многумина е една од најубавите холивудски актерки, но додека стотина илјадници фанови можат само да фантазираат за неа, еден среќник ја има таа привилегија да го дели животот со неа.

Убавата Џесика Алба и нејзиниот сопруг Кеш Ворен, “побегнаа” на Хаваите каде се одмараат во друштво на ќеркичките, седумгодишната Хонор и четиригодишната Хевен, а ни во јавноста не кријат дека нивната љубов цвета.

Парот и на плажата разменуваше нежни бакнежи и прегратки, на разочарување на машкиот дел од фановите кои радо би го замениле Кеш.

Интересно е тоа што 34 годишната Алба претходно во интервјуата призна дека целото детство била прилично машкоданеста и дека не знаела да се носи со нејзината женска страна.

ffnswstalbajessica03

“Бев мускулеста, лута и не знаев што со себе кога ми пораснаа гради. Не бев таква каква што ме претставуваа во филмовите. Дури после 20-тите години научив како да се носам со женственоста”, призна актерката.

Нејзиниот сопруг Ворен ја поддржува во се, а колку се сакаат неретко докажуваат и со фотографиите на социјалните мрежи.

jessicaalbawarrenff

Прегледи:
497
Објавено на:
25.03.2016