Категории

Сите се тука освен Саманта: Девојките се вратија, а најголемо внимание привлекоа Кери и Ѕверка!

И тоа го дочекавме… Очите на целиот свет беа вперени во Њујорк, каде што е одржана „reboot“ премиерата на култната серија „Сексот и градот“. На црвениот тепих продефилирале сите главни ликови во серијата освен Саманта, која нема да ја гледаме во продолжението „And Just Like That“.

Сара Џесика Паркер за големиот дел избрала тоалета од омилената куќа Оскар де ла Рента и чевли од розев сатен од колекцијата „Duchess“ која лично ја дизајнирала. Друштво и правеле сопругот Метју Бродерик и синот Џејмс. Во еден момент и се придружил и фамозниот Ѕверка, што претставувал најдобар момент за папараците. Сепак, Крис Нот ги зачувал бакнежите за сопругата Тара Вилсон.

Во „Музејот на модерната уметност“ можевме да ги видиме и Шарлот – Кристин Дејвис и нејзиниот маж Еван Хендлер. Синтија Никсон, позната како Миранда Хобс, пристигнала во друштво на Дејвид Ејгенберг, кој го игра Стив, нејзиниот сопруг во серијата и „синот“ Брејди (Нил Кенингем). Меѓу присутните била и Никол Ари Паркер, еден од „новитетите“ во продолжението на приказната.

Прегледи:
582
Објавено на:
09.12.2021