Општоприфатеното мислење дека нормалниот крвен притисок изнасува 120 со 80 и дека сите вредности над тоа значат повик за итна посета на кардиологот -повеќе не е валидно.
Европската кардиолошка асоцијација издаде нови насоки, според кои нормален притисок е оној до 140 за систолниот (горниот број во мерењето на крвен притисок) и 90 за дијастолниот (долниот број).
– Поголемиот дел од граѓаните сметаат дека 120 со 80 е нормален притисок. Сепак, крвен притисок до 140 со 90 е границата до која се смета дека некој има нормален притисок. Ова, сепак, не се однесува на луѓето со дијабетес, за кои границата е 130 со 80, како и кај постарата популација, вели доктор Бранко Белеслин, кардиолог во Клиничкиот центар на Србија и претседател на Здружението на кардиолози на Србија.