Категории

Сите стилови на интимна депилација: Кој е вашиот избор?

Без разлика дали се депилирате на интимните делови или не, обично летниот период бара од нас да сме постојано средени. Најдобро е со депилација, затоа што преку бричење ќе имате многу поголема обврска речиси секој трет ден. Во прилог ви ги прикажуваме сите стилови на интимна депилација, а вие изберете ја најдобрата за вас:

Природен изглед

Некои девојки преферираат да не ги отстрануваат влакната од половиот орган. Ако и вие спаѓате овде, погрижете се да ви бидат влакната средени и со иста должина.

Бикини депилација

Овој вид на депилација е идеален за оние кои прв пат си ги депилираат интимните делови. Бикини депилацијата подразбира депилирање само на препоните, кој дозволува чист и уреден изглед.

Целосна бикини депилација

Доколку се плашите да не ви ѕиркаат некои влакненца додека уживате на плажа, а сепак не сакате да ги отстраните целосно влакненцата, тогаш изберете го овој вид на депилација. Станува збор за малку подлабока депилација од претходната, каде што се отстрануваат влакненцата малку подлабоко од препоните.

Француска депилација

Француската депилација опфаќа депилирање на интимните делови и оставање на само една лента во средина сè до крајот на задникот. Ова е еден вид на класична депилација.

Бразилска депилација: Триаголник

Ова се најпопуларните видови на депилација, бидејќи се отстрануваат речиси сите влакна од интимните делови, а се остава еден дел над надворешните срамни усни. Меѓу најпопуларните е триаголна форма.

Бразилска депилација: Срце

Кој вели дека нема романтика за време на секс? Направете бразилска депилација, а формата на влакненцата направете ја во вид на срце!

Холивуд депилација

Да, најпопуларна е меѓу познатите во Холивуд, затоа што пред сè имате чистота на интимните делови и затоа што допирот долу е многу нежен што ви овозможува врвно задоволство. Ако се одлучите за оваа депилација подгответе се за поголемо маневрирање додека ве депилираат, бидејќи ќе треба да се отстрани секое влакненце.

Прегледи:
1189
Објавено на:
10.07.2016