Категории

Сите тајни на Моника Белучи: 11 факти кои не сте ги знаеле за убавата Италијанка

Една од најсексипилните жени на сите времиња кои не подлегнале на хируршки интервенции, крие многу тајни… Италијанската филмска дива Моника Белучи минатата година наполни 53 години. Ова се некои од нејзините тајни:

 

1. Тајната на нејзиниот изглед

Освен генетиката, младелачкиот изглед на оваа Италијанка се должи на фактот што никогаш не се појавувала со премногу шминка. Дури и во секојдневниот живот, таа користи блага крема за лице, малку маскара и кармин кој никогаш не е нападен. И тоа е се. Инаку, позната е по изреката дека брчките се поубави од пластиката.

2. Првото појавување пред рефлекторите

Моника станала модел кога имала само 13 години. Тогаш позирала за еден локален фотограф.

3. Наместо адвокатка – модел

Моника најпрво сакала да биде адвокатка, но не и било судено: студиите морала да ги плаќа, па се издржувала со моделингот и манекенството. На 24 години се преселила во Милано, каде што потпишала договор со една од водечките агенции – Елит Модел. Година подоцна учествувала на голема ревија за модната куќа Долче и Габана, како и францускиот Ел.

4. Безвременска жена

Еден од најпознатите магазини за мажи, Men’s Health, ја ставил Моника Белучи на 21-то место на топ листата на 100 најубави жени на сите времиња, додека во 2002-та година била прва на листата најпосакувани жени во светот.

5. Доцна започнала да се занимава со актерство

Нејзината актерска кариера започнала во 1991 година во филмот La Riffa. Пет години подоцна била номинирана за најдобра споредна улога во филмот The Apartment. Потоа, започнува нејзината холивудска кариера.

6. Полиглот

Доколку мислите дека изреката „убава и глупава“ е точна, се лажете. Освен формалното образование, Моника течно зборува англиски, шпански и француски (освен својот мајчин јазик – италијански).

7. Големи стапала

Можеби ова нема да ви се допадне, но единствена маана на оваа совршена жена се нејзините стапала. Всушност, тоа е релативна работа. Таа носи број 42.

8. Чудни навики

Моника позади себе има два брака. Со фотографот Клаудио Басо била во брак до 1994-та година. Потоа се омажила за Винсент Касел до 2013 година. Во текот на својот заеднички живот, живееле во одвоени апартмани во една вила во Париз, за да ја избегнат рутината на секојдневен заеднички живот.

9. Каква мајка, таква ќерка

Оваа актерка има две ќерки: Дева и Леона. Додека била бремена во 20015 година, се сликала за насловната страна на Vanity Fair.

10. Каде и да оди има дом

Освен станот во Париз, оваа преубава Италијанка има куќа во Италија, Англија и Бразил. Затоа и не е зачудувачки фактот што нејзините ќерки зборуваат француски, англиски и португалски. Покрај италијанскиот јазик, секако.

11. Најстарата девојка на Бонд

Со обзир на тоа дека за време на снимањето на филмот „Спектрум“ имала 50 години, Моника Белучи е апсолутен рекордер во возраста на Бондовите девојки. На второ место е Онор Блекмен, која за време на снимањето имала 37 години.

Прегледи:
1078
Објавено на:
30.03.2018