Категории

Сите зборуваат за овој настап: Џеј Ло и Шакира на Супер Боул! (ВИДЕО)

Полувремето на Супер Боул ќе остане запаметено по енергичниот настап на Џенифер Лопез и Шакира. Овие две пејачки дефинитивно ќе влезат во историјата на Супер Боул како изведувачки кои направија неверојатна атмосфера. Во само 12 минути сѐ беше во знакот на енергијата и забавата.

Настапот започнува со Шакира која го изведува и својот познат танц, а по нејзиниот настап се појавува и Џенифер Лопез и тоа на шипка за стриптиз.

Меѓутоа, големо изненадување беше и ќерката на Џенифер Лопез, Ема (11) која ја изведе „Let’s Get Loud додека на тапани ја пратеше Шакира.

Социјалните мрежи се преполни со коментари. Речиси сите се воодушевени од енергијата на пејачките, како и настапот на малата Ема.